„Имав 43 козметички процедури за да изгледам како барбика, но критичарите велат дека изгледам како „зомби“
29-годишната Далија Наем од Багдад потрошила илјадници на впечатлива трансформација за да изгледа како иконскиот лик на Барби. Многу луѓе ја нарекуваат дури и „ирачка барбика“ поради нејзините руси прамени и апсолутно гламурозниот и препознатлив изглед.
Жената фрапираше со нејзиното ново лице.


Далија Наем отсекогаш сонувала да изгледа како олицетворение на иконската кукла. Се верува дека таа била подложена на 43 козметички процедури за да го копира изгледот на Барби. Далија е водителка и актерка во нејзината родна земја Ирак, и таа споделува снимки од нејзиното лице на Инстаграм, покажувајќи ги нејзините најнови подобрувања.

Жената има повеќе од 990.000 следбеници на Инстаграм, а многу од нив не можат да сфатат колку се променила со текот на годините откако ја започнала својата трансформација. Сега, претходната слика од неа се смета дека е речиси целосно непрепознатлива.
Таа е многу упорна во достигнувањето на изгледот од соништата

Процедурите на Далија вклучуваат филери за усни и операција за зголемување на градите. Како резултат на нејзината упорност, таа сега е се поблиску до нејзиниот сон да изгледа секако освен како Барбика…
Некои од нејзините следбеници ја критикуваат, а едно лице дури рече дека изгледа како зомби. Па што велите вие? Барбика или зомби?


Ovo se zove makedonska istorija.
Balkanac , kupi si blesimetar ……!!!!!!!
Коментирај анонимно