„Имав афера со свекорот и сега ги раѓам неговите бебиња… Не можам да бидам посреќна и покрај големата разлика во годините“

22-годишната Стефани Фулер вели дека е премногу заљубена и никогаш не била толку среќна. Нејзиниот поранешен сопруг Деклан Фулер (22) тврди дека ја видел на мониторот за бебиња како се прикрадува во спалната соба кај неговиот татко Дарен.

 

Стефани инсистира: „Дарен можеше да види дека работите не беа добри меѓу мене и Деклан. Започна со тоа што Дарен беше заштитнички настроен кон мене и нашите чувства еден кон друг пораснаа оттаму“.

Стефани рече дека таа престанала да го сака Деклан, во моментот кога разведениот 44-годишен Дарен се преселил кај нив и малото дете 2-годишниот Вилоу. Тоа било минатиот септември.

Стефани, која боледува од координативно нарушување Диспраксија, рече дека почнала да се гледа со Дарен дури откако нејзиниот сопруг од две години побарал развод.

„Знаевме дека имаме чувства еден за друг, но чекавме додека не се иселиме од куќата. Тогаш излеговме една вечер и му признав се: „Те сакам, те сакам, те сакам“.

 

Стефани рече дека Деклан се разведува од неа врз основа на прељуба, но не ѝ е грижа додека таа и нејзиниот свекор се среќни. Таа рече дека разликата во возраста од 22 години не била проблем и дека тие не се расправале ниту еднаш во целото време додека биле заедно. И така сега тие живеат заедно со внукот на Дарен и се во исчекување на близнаци.

Близнаците не биле планирани и двајцата биле шокирани кога дознале дека е бремена.

„Не можев да верувам – направивме седум тестови и секој беше позитивен. Бев навистина среќна. Иднината е возбудлива, едвај чекаме да дојдат близнаците. Дарен е брилијантен очув и дедо на Вилоу и тој ќе биде ист кога близнаците ќе дојдат овде во декември“.

Близнаците ќе бидат полубрат или сестра на Деклан и брат или сестра на Вилоу, но и тетка или вујко. Дарен ќе биде дедо и очув на Вилоу. Важно ќе бидат нешто…

 

Дарен, на кого му бил поставен пејсмејкер откако му биле дијагностицирани проблеми со срцето пред три години, додаде: „Не ми е гајле што има да каже Деклан за тоа – јас сум заљубен во Стефани и тоа е сè што треба“.

Стефани додаде: „Има многу повеќе во врската, но во догледно време ќе излезе на виделина кога ќе биде соодветно време и на луѓето кои треба да знаат. Нашата желба е да продолжиме понатаму и да создадеме дом со љубов за Вилоу“.

  • Dr. Hunter напиша:

    ONLY IN EU AND AMERICA. ABE BOLNA RABOTA. I BARATE PAMET OD VAKVI LUGE I VAKVI DRZAVI. PIH.

  • Теофил напиша:

    Содома и Гомора …градови потонати во мртво море….и ден денес нема никаков жив организам во морето….не е приказна… оставени се за сведоштво што ја чека оваа Европа и нас што поддржуваме заедно….тешко….тешко…тешко…за тие што живеат на земјата….тоа се зборови од Апокалипсата… и живееме во тоа време

  • Коментирај анонимно

    Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *