„Имав само неколку месеци живот по дијагнозата на рак, причината поради која сè уште сум тука треба да им влее надеж кај сите“

Алeн Раперт, 62-годишен Американец, бил дијагностициран со сквамозно-клеточен карцином, еден од најчестите типови на рак на кожата во САД. Лекарите му соопштиле дека ракот е во четврта фаза, со тумор со големина на тениско топче што ја разорувал неговата черепна коска и навлегувал во мозокот. Единствената опција што му била понудена во САД вклучувала драстична хируршка интервенција, губење на десното око и дел од лицето, проследено со хемотерапија, но со многу мали шанси за преживување.

 

„Имав само неколку месеци живот по дијагнозата на рак, причината поради која сè уште сум тука треба да влее надеж кај сите“

Секогаш има и друг начин

Наместо тоа, Раперт решил да бара алтернативен третман и се упатил кон Институтот за рак Вилијамс, кој нуди експериментална терапија во Мексико. Лекувањето се состоело од два чекори: електрична аблација, која со електрични пулсови ги уништува канцерогените клетки, и директно вбризгување на имунотерапија во туморот, што му овозможува на имунолошкиот систем да го препознае и нападне ракот.

По пет сесии на терапија, ракот целосно исчезнал за само седум месеци. Од декември 2023 година, сите негови контроли покажуваат дека нема присуство на канцерогени клетки. Овој метод постигнал успех кај над 85% од пациентите со напреднати форми на рак, а Раперт го прославил своето излекување со патување во Карибите.

 

Секогаш има и друг начин

Ефикасна терапија

Доктор Џејсон Вилијамс, кој ја развил оваа терапија, верува дека директното вбризгување на имунотерапијата во туморот е поефикасно од стандардните методи и се надева дека повеќе пациенти ќе имаат пристап до ова лекување.

 

Ефикасна терапија

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *