Имигрант споделува како со напорна работа и одлучност од чистач на тоалети стана медицинско лице

Сухарто „Џао“ Џундам неодамна го прослави роденденот и реши да ја сподели својата успешна приказна на Интернет. Тој објасни кога решил да се пресели од неговата татковина Филипините, во Австралија и сите тешкотии со кои се соочил на патот да ги оствари соништата.

„Роден сум и израснат на Филипините, но [во моментов] живеам во Бризбејн, Австралија“, објасни тој. „Се преселив во Австралија за позелено пасиште“, затоа што секако платата за медицински персонал е многу поголема во Австралија отколку на Филипините.

Џао сега има 25 години а во Австралија се преселил на 20-годишна возраст. Тој вели: „Многу луѓе особено на социјалните мрежи мислат дека сум имал среќа што сум на оваа ‘позиција’ на која што сум сега. Мислат дека се било едноставно и лесно кога сум се преселил тука.“

Момчето вели дека иако сите негови фотографии се од неговите прошетки низ светот, вкусна храна и насмеано лице, тој поминал долг пат пред да дојде до она што го посакува. Иако момчето завршило образование за медицински брат на Филипините неговата диплома не била признаена во Австралија. Така тој морал да тргне од почеток.

„Морав да пешачам еден час наутро на студеното време во Канбера само за да продавам риба на Белконен пазарот. Исто така морав да пржам ‘лиемпо’ на врелите летни температури. Да исто така бев и ‘скараџија’, келнер, чистач, продавач и многу други работи.“, објаснува Џао.

Во Австралија Џао успеал да се запише на Универзитет и вели дека првин тешко му паднал културниот шок и моментот кога бил обвинет дека неговиот труд е плагијат и олеснувањето откако се докажало дека ова не е вистина.

Сега тој работи како регистриран медицински брат во болницата во Редклиф. Џао вели дека неговата работа е необична и секој ден не знае што да очекува, а токму новите предизвици го исполнуваат. Тој вели дека ја купувал најевтината храна и ја делел на неколку дела за да има за повеќе денови. Исто така еднаш купил торта од 5 долари и ја поделил на 7 за да има по едно мало парче за секој ден.

„Ќе бидат потребни кофи со солзи па дури и крв за да ги следите вашите соништа и да го живеете животот што го сакате, особено во непозната земја. Но, сите борби и жртви што сте ги направиле ќе ве обликуваат во подобра верзија од себе: некој кој е посилен и попаметен, подобар борец. Како што реков, ќе биде тешко, но ќе вреди.“, вели Џао за крај.