Импресивно: Најголемиот авион во светот, Антонов Ан-225 полетува во многу густа магла

Луѓето го снимаат овој феномен со телефоните, а чудовиштето не ѝ се плаши на маглата. Напротив, маглата треба да се плаши од него.

Со дури 6 мотори и максимална вкупна тежина од 640 тони, Ан-225 е најтешкото и најголемото летало во светот.

Ан-225 бил дизајниран за Советската вселенска програма како замена за Мјасишчев ВМ-Т. Способен да ги подигне деловите на ракетата Енергиа и шатлот Буран, неговата мисија и цели биле скоро идентични на оние на Ербас Белуга и американскиот авион носач на шатл.