Индиец создаде рециклиран, полиглот робот кој може да држи настава во училиштата

Динеш Пател, жител на селото Рајмалпур во областа Јаунпур, и наставник по компјутерски науки во Кендрија Видјалаја на ИИТ Бомбај, Индија, го создаде Шалу -роботот што може да зборува девет локални и 38 странски јазици.

Тој објасни: „Шалу е направен со употреба на отпадни материјали како пластика, картон, дрво, алуминиум итн. Потребни беа три години за се создаде, а трошоците беа околу 500 долари“.

Пател додаде: „Шалу може да ги поздравува луѓето, да покажува емоции, да чита весници, да рецитира рецепти и да извршува многу други активности. Може да се користи како наставник во училиштата и како рецепционер во канцеларии“.

Супратик Чакраварти, професор во одделот за компјутерски науки и инженерство на ИИТ Бомбај, го пофали роботот, пишувајќи: „Тоа е навистина големо достигнување. Таков робот може да се користи во образованието, а и во многу други области. Шалу може да биде инспирација за научниците од следните генерации“.