Индијците уапсија ГУЛАБ затоа што веруваат дека е ШПИОН, па се посрамотија

Птиците можат да бидат многу злобни, на пример да ви земат од семките додека грицкате, или да ве „украсат“ со измет додека си одмарате под дебела сенка. Но, во Индија птиците се сфаќаат уште посериозно. Тие уапсиле еден гулаб и го обвините дека е шпион. Не знаеме дали го мачеле за да им признае, но тие тврдат дека имаат докази за неговото злодело.

Индијците веруваат дека гулабот е шпион за Пакистан бидејќи бил фатен во близина на границата меѓу Индија и Пакистан и влетал во една куќа со наводно „кодирана порака околу ногата“. Жителите на селото Мусари го заробиле гулабот и го пријавиле на властите.

Гулабот имал прстен на ногата со броеви на него, а исто така имал и розева боја на пердувите. „Херојот“ кој го пронашол е локалец по име Гета Деви, кој го фатил гулабот откако му влетал во куќата.

Но, приказната нема „Џејмс Бонд“ крај. Откако се кренала голема врема околу птицата, за неа слушнале и во Пакистан. Селанец од Пакистан по име Хабибулах, кој живее на само 4 километри од границата со Индија се доброволно се јавил да каже дека гулабот е негов и воопшто не е шпиун.

Човекот рекол дека тој со години чува гулаби и бидејќи често можат да залутаат одлучил на сите да им стави прстен и на прстенот да го напише мобилниот телефонски број. Така што приказната за шпионот од Пакистан, целосно паднала во вода.

Хабибулах се обратил до министерот на Индија да му го вратат гулабот велејќи дека птицата е „невина“ и симбол за мир и толеранција. Гулабот сѐ уште нема дадено изјава во врска со својата невиност…