Индиска улична храна – дали е навистина толку страшна како што изгледа?

Еден од најчестите стравови кај туристите кои првпат ја посетуваат Индија е поврзан со уличната храна. За многумина од Западот, приготвувањето и сервирањето храна на улица изгледа нехигиенски и опасно, носејќи ризик од труење или стомачни инфекции. Овој страв е разбирлив, особено ако се земат предвид стандардите на кои се навикнати во западните ресторани. Но, уличната храна во Индија е составен дел од секојдневниот живот…

 

Индиска улична храна - дали е навистина толку страшна како што изгледа?

Што се нуди на индиските улици?

На тезги, мали ресторани и импровизирани кујни се нуди богата разновидност: од томатни супи, пани-пури и бан бхел, до доса, самоси, пакори, алу тикка и традиционални индиски десерти како джалеби и кулфи. Во крајбрежните места, достапна е пржена риба и морски плодови, а насекаде може да се најде свежо цеден сок или кокосова вода. Специјално место има и индискиот чај, кој се приготвува од уличните продавачи „чајвала“.

Се поставува прашањето – дали е уличната храна навистина опасна? И покрај првичниот впечаток, одговорот е – не секогаш. Повеќето улични готвачи се искусни професионалци, храната се подложува на термичка обработка, зачините делуваат антимикробно, а голем дел од продавачите практикуваат основна хигиена. Дополнително, многумина се прилагодуваат на вкусот на туристите и намалуваат лутите зачини.

 

Што се нуди на индиските улици?

Вкусови што со сигурност ќе ги паметите

Најчестите проблеми кај туристите не произлегуваат од уличната храна, туку од пиeње вода од чешма или јадење немиено овошје. За оние кои сакаат сигурна алтернатива, постојат добро организирани ланци како McDonald’s, KFC и Dominos Pizza, кои се придржуваат до строги санитарни стандарди.

Вкусови што со сигурност ќе ги паметите

Уличната храна во Индија не само што е дел од културното искуство, туку и нуди уникатни вкусови и моменти што остануваат долго во сеќавањето.

  • Жарко Г. напиша:

    Најгнасните и најподлите луѓе на светот.
    Кој не живеел во нивна близина или работел со нив не знае за што зборувам.
    А, ваму…ни сами не знаат колкаво големо мислење имаат за себа. Сите други народи ги сметаат за подолни од нив.

  • Коментирај анонимно

    Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *