Индонезиската армија денесе одлука за бизарниот „тест за невиност“ врз женските кадети

Индонезиската армија во соопштението што го даде началникот на Генералштабот соопшти дека повеќе нема да спроведува инвазивни „тестови за невиност“ врз женски кадети.

Таканаречените „тестови за невиност“ беа етикетирани од Светската здравствена организација (СЗО) како „без научни заслуги или клинички индикации“.

Тестовите, кои наводно може да докажат дали жена имала с*кс или не, се правеле така што надлежно лице ги ставало прстите во вагината на жените.

Минатата недела, „Хјуман рајтс воч“ потврди дека полицијата ја прекинала употребата на тестовите, но дека владата не ја прекинала практиката во војската.

„Тестовите за невиност“ спроведени од индонезиските сили за првпат беа откриени од „Хјуман рајтс воч“ во 2014 година.

Организацијата ги осуди тестовите како „навредливи, ненаучни и дискриминаторски“, нарекувајќи ги тестовите чин на родово насилство.

Началникот на Генералштабот на армијата на Индонезија, Андика Перкаса, им рече на новинарите дека армијата треба „континуирано да се подобрува секоја година“, кога е во прашање нејзиниот процес на регрутирање.

Перкаша изјави:

„Претходно ги проверувавме стомакот, карлицата, вагината и грлото на матката. Сега, ги отфрливме овие прегледи, особено прегледот на хименот“.

Перкаша понатаму рече дека војската сега се обидува да стави поголем акцент на тестирање за проблеми со срцето, ‘рбетот и слепило.

„Хјуманс рајтс воч“ тврдат дека десетици жени разговарале со нив за оваа практика, жени кои наводно биле принудени да го полагаат „тестот за невиност“.

Според СЗО, „тестирањето на невиноста“ е „долгогодишна практика“ не само во Индонезија, туку и во Авганистан, Бразил, Јужна Африка и Северна Ирска.