Инфлуенсерите од Норвешка отсега ќе треба да фаќаат „добри агли“ за фотографирање благодарение на новиот закон за социјални мрежи
На 11 Јуни, Министерството за деца и семејство на Норвешка го измени норвешкиот Закон за маркетинг за да постави нови правила за влијателни лица. Новиот закон имаше огромна поддршка, обезбедувајќи 72-гласа „за“ и само 15 „против“, а ќе стапи на сила на датумот определен од кралот на Норвешка.

Во клучниот амандман се вели дека лицето кое е одговорно за содржината мора да нагласи доколку фотографијата е „обработена и подобрена“.
Владата ќе ја дизајнира ознаката со која ќе се означуваат обработените фотографии, иако во моментов не е познато како ќе изгледа. Законот ќе се примени и на традиционалните маркетинг кампањи кои промовираат обработка на фотографии. Оние што ќе го прекршат законот ќе се соочат со големи казни.

Иако самата ознака не е решена, нејзината цел е јасна, земјата се обидува да се справи со маркетингот што „придонесува кон ниска самодоверба кај луѓето“.
