Инфлуенсерка доживеа трагична судбина откако се скарала со сопругот 23 години постар од неа

По кавга со сопругот блогерката и инфлуенсерка Алексис Шарки од Хјустон, САД исчезнала. Наредниот ден возач на камион за отпад го пронашол голото, мртво тело на 26-годишната девојка. Парот бил во брак нешто помалку од една година, а пријателите на Алексис велат дека во последниот период девојката не била во добри односи со својот 49-годишен сопруг Том. Таа „Денот на благодарноста“ го прославила со своите пријатели. На телото на девојката не биле пронајдени траги на насилство, но секако нејзината смрт се истражува. Откако сопругот Том објавил трогателен пост за неговата сега почината сопруга, многу луѓе го нападнале дека тој стои зад нејзината смрт.

Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!