Инфлуенсерка го продаде она што „со пари не се купува“

Сите знаеме дека љубовта со пари не се купува, но тоа можеби не е точно затоа што инфлуенсерка тврди дека е првата личност што продала „виртуелна љубов“.

Полската инфлуенсерка Марти Ренти ја продаде својата „љубов“ за неверојатна цена од 250.000 американски долари, но тоа не е единственото нешто што купувачот го купил. 21-годишниот инфлуенсер вети и дека ќе оди и на состанок со купувачот.

Ренти e ѕвезда на ТикТок со 2,4 милиони следбеници и 71 милион лајкови на своите видеа и таа веста за продажбата ја сподели на својот Инстаграм профил.

Таа изјави: „Сакам да бидам иноватор и да ја создадам иднината, па затоа бев првата личност во светот што симболизирав емоции. Физичката љубов, платонската љубов и дигиталната љубов може да бидат различни, но секоја е реална на ист начин како и сите наши мисли и чувства. И дигитално значи вечно. На крајот на краиштата, сè што е дигитализирано сега, ќе остане со нас до крајот на светот – фотографии, филмови, спомени, сè. Отсекогаш сакав полските жени да ја испишат историјата. Веќе можам да замислам каква слика може да се појави во историските книги. Можно е, нели? “