Инфлуенсерка објави шокантни фотографии од компликации по отстранување тетоважа

Тетоважите не мора да бидат вечни, но нивното отстранување може да биде комплицирано. Кира Грин, 29-годишна инфлуенсерка со повеќе од 800.000 следбеници на ТикТок, е шокирана по третата сесија за отстранување тетоважа, кога наместо олеснување, доживеа застрашувачка компликација: нејзината кожа почна да се подига и да создава огромен меур со чудна течност.
„Ако не сакате да видите нешто одвратно, ве молам продолжете со скролање“, предупреди Грин на своето видео.

Инфлуенсерка објави шокантни фотографии од компликации по отстранување тетоважа

Оштетена кожа и огромна плускавица по третата ласерска сесија – „Се чувствував како да имам балон со вода на ногата“

Кира Грин решила да го засили третмaнот за отстранување на тетоважата зад коленото со зборовите: „Имам висок праг на болка. Мислев дека е во ред. Досега беше во ред.”
Но, по враќањето дома, почувствувала дека местото е топло, а кожата почнала да се крева. „Мислев дека се само мали плускавици. Знам дека тоа може да се случи при отстранување на тетоважи.”
Следното утро работата се влошила – формиран е огромен меур зад нејзиното колено, исполнет со зеленкасто-кафена течност.
„Ова е тоа што се случи,“ на видеото покажуваше и прашуваше: „Што е тоа?!“ Подоцна изјави: „Се чувствував како на задната страна од ногата да имам балон со вода. Стравував дека ќе пукне.“

 

Како правилно да се грижите за кожата по отстранување тетоважа – советуваат експертите

Експертите советуваат површината што се третирала со ласер задолжително да остане чиста и сува додека кожата заздравува. Ако се појави плускавица, можете внимателно да ја дупнете со стерилизирана игла на долниот дел за течноста да истече. Но, не го вадете или лупете мртвиот слој на кожа – токму таа е природна бариера. Откако ќе ја испразните плускавицата, измијте го местото со благ сапун без мирис и нанесете тенок слој вазелин. Покријте го со неткаена газа и менувајте ја редовно. Избегнувајте тесна облека за да не ја оштетите раната со триење. Доколку се појави црвенило, болка или течноста во плускавицата ја промени бојата, веднаш јавете се на лекар.

Да не се брза со интензитетот – потребни се минимум шест сесии за потемни тетоважи и секоја кожа реагира различно

Грин планира идните третмани да ги прави побавно и повнимателно. „За тетоважа темна како мојата, ми кажаа дека ќе треба најмалку шест сесии. Нема начин однапред да се знае колку ќе биде потребно бидејќи секоја кожа е различна.“

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *