Инфлуенсерка покажа како вистински изгледа нејзиниот задник и како моделите ги постигнуваат „совршените“, но лажни фотографии од нивните
Хејли Медиган откри како моделите постигнуваат „совршени“ слики од нивните облини.
Таа сподели фотографии од себе во бикини – на едната позира додека на другата покажува како навистина изгледа.
„Инста поза во базен наспроти она што го гледам во огледалото во бањата. Различни пози, различни агли на камерата, различно држење, различно осветлување, сето тоа може да направи огромна разлика во тоа како се перципира телото и поконкретно како ВИЕ го гледате вашето тело!“
Таа додаде: „Ќе го гледате вашето тело во сите видови агли и пози. Ќе го гледате вашето тело опуштено и нерасположено. Ќе се гледате себеси на многу начини, затоа НЕ дозволувајте вашите очи да ве измамат велејќи ви да се чувствувате негативно кон сопственото тело. Имате моќ да го промените вашиот начин на размислување, да гледате на сопственото тело на пољубезен начин. Да бидете пољубезни кон себе и кон вашето ментално здравје. Да бидете пољубезни кон вашето тело, бидејќи тоа е вашиот дом и имате само еден, затоа третирајте го со најмногу добрина што можете да понудите! Луѓето кои се грижат и те сакаат не те гледаат на ист начин, се што гледаат е среќата, љубовта и сјајот што им ги носиш на нив и на светот. Вие не сте само тело, вие сте ВИЕ, затоа бидете пољубезни кон себе“.
Коментирај анонимно