Инфлуенсерка се омажи за 20-годишниот посинок, откако се развела од татко му

Марина Балмашева (35) од западниот руски регион Краснодар Краи живеела со својот 45-годишен сопруг Алексеј повеќе од 10 години пред да поднесат барање за развод. Сега Марина – која може да се пофали со приближно половина милион следбеници на Инстаграм се омажи за синот на нејзиниот поранешен сопруг, Владимир – Воја, Шавирин, младо момче, 15 години помладо од неа.

Оваа недела тие официјално и стапиле во брак, откако претходната година ја најавиле нивната венчавка. Марина сподели фотографии со нејзиниот сакан, а веруваме дека поранешниот сопруг воопшто не е воодушевен. Некогаш овие двајца биле маќеа и посинок, а за тоа сведочи и фотографијата која ја објавила Марина, на која таа има 22, а тој само 7 години.

Брачниот живот не е единствената голема промена на хоризонтот за парот, кои сега заедно го очекуваат своето прво бебе. Тие исто така се надеваат дека ќе се преселат во поголем град.

Пред нивниот развод, Марина и Алексеј посвоиле четири деца заедно. Сите други деца во моментов живеат со Алексеј, откако на Марина ѝ било одземено родителското право на суд.