Инфлуенсерка се пожали на „Тикток“ дека книгата што ја чита имала „премногу зборови на страниците“ и откри зошто не може да прочита повеќе од 100 листа хартија

На „BookTok“ настана расправија, откако инфлуенсерка се пожали дека романот што го чита има „премногу зборови“.

Јана од Калифорнија отиде на „TikTok“, за да раскаже за „Six Of Crows“ од Ли Бардуго, изразувајќи ја својата нервоза што „секоја страница“ содржи „толку многу зборови“.

 

 

„BookTok“ е потсекција на „TikTok“ која е заслужна за промоција на читањето на книги кај помладите луѓе – но исто така беше критикувана за квалитетот на книгите што ги промовира. Видеото, објавено од @yannareads, сега е избришано, но сепак имаше 36 милиони прегледи, откако беше повторно објавено на „X“.

Јана рече дека ѝ ја препорачале фантазијата за млади „Six Of Crows“ нејзини следбеници – но откако стигнала до 34 страница, таа станувала се помалку импресионирана. Зборувајќи со нејзините 284.000 следбеници, таа рече: „Зошто страниците се исполнети со толку многу зборови? Што е ова? Ми се допаѓаат страниците што не се полни со толку многу зборови. Види го ова, се шегувате ли со мене?“

Снимајќи го видеото со нејзината голема колекција книги во позадина, Јана рече дека ќе продолжи да чита до 100 страница пред да се откаже.

Таа продолжи: „Убедете ме во спротивното бидејќи оваа книга е многу тешка за мојот мозок. Немам поим што се случува“.

Јана прочита извадок од книгата на глас со збунет изглед на лицето, повикувајќи се на некои од имињата и локациите во фантастичниот амбиент на книгата – вклучувајќи ги Биг Болигер, Елцингер и Кетердам, едно од главните локации во книгата.

 

 

 

Подоцна, во друго видео, таа сподели дека се откажала од книгата.

Во својата биографија на „TikTok“, Јана пишува: „Ако не е провокативна, веројатно нема да ја читам“, мислејќи на книги со сексуално експлицитни сцени.

Гледачите побрзаа на социјалните мрежи да ги споделат своите сомнежи за квалитетот на книгите што всушност ги промовира „TikTok“.

Едно лице напиша: „Се плашам дека „Booktok“ ја изгуби смислата затоа што луѓето тука се шокирани што страниците на книгите имаат… зборови?“
Но, „BookTok“ е во голема мера заслужна за оживувањето на читањето како популарно хоби меѓу младите луѓе со повеќе од 32 милиони објави и повеќе од 167 милијарди прегледи на платформата.

  • Васе напиша:

    Али, затоа може да погледен 100 видеа дневно на Тик Ток!!!
    Јел тако? Тако је! Шо би рекли црногорци!?

  • Коментирај анонимно

    Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *