Инфлуенсерка тврди дека ѝ забраниле да влезе во авион затоа што нејзината облека ќе ги „вознемири семејствата“

Турска бодибилдерка тврди дека била спречена да се качи во авион, откако вработените во авиокомпанијата го довеле во прашање нејзиниот избор на облека.

26-годишниата Дениз Сајпинар се обидувала да се качи на авион за Мајами од Тексас, но била запрена од персоналот на авиокомпанијата кои ја довеле во прашање облеката на инфлуенсерката.

Персоналот изразил загриженост дека нејзиниот избор на облека „ќе ги вознемири другите семејства“ и ѝ забранил да лета.

За време на летот, Сајпинар ноела кратки панталончиња, чизми и јакна врзана околу половината.

Дискутирајќи за инцидентот, бодибилдерката објасни како се преселила во САД во обид да избега од поконзервативните ставови на Турција.


Таа напиша:

„Јас сум спортист, и сега треба да чекам овде до утрото. Сакам да носам женствена облека што ми ја открива женственоста, но никогаш не се облекувам на начин што некого ќе навреди. Јас сум доволно зрела и цивилизирана да знам што можам и што не можам да носам. Не заслужувам да ме третираат како најлошата личност на светот затоа што носам тексас шорцеви“.

Сајпинар продолжи: „Што нè дели од животните ако луѓето не можат да ги контролираат ниту своите најпримитивни импулси. Се чувствувам навредена. Тие не ме пуштија во авион затоа што ги носев овие шорцеви во САД“.