Инфлуенсерка во искрено видео откри што е тоа што е најголем предизвик во нејзината „професија“:„Не сум природна убавица и тоа е во ред, не треба да бидам пример за младите девојки“
Терминот „инфлуенсер“ одамна е дел од глобалниот речник, а многу млади го прифаќаат како реална, па дури и профитабилна професија. Но, како и во модните списанија, и на социјалните мрежи не е сè онакво како што изгледа. Содржините се внимателно селектирани, вклучително и оние што изгледаат „хаотично“ – често и хаосот е режиран.
Особено е изграден и филтриран изгледот на самите инфлуенсери, кои често изгледаат совршено, па дури и без шминка. Ова остава лажен впечаток кај публиката, особено кај младите, дека нивната „природна убавина“ е достижна без напор. Инфлуенсерка по име Мила реши јавно да ја демистифицира таа слика и да покаже колку труд и средства стојат зад нејзиниот изглед.
„Ништо од ова не е природно“
Во видео што стана вирално, таа вели: „Не сакам никој да мисли дека сум природно убава или дека вака изгледам без труд. Косата ми е изрусена, веѓите фарбани и средени, трепките со серум, а без него – немам трепки.“ Потоа посочува делови од лицето каде што прима ботокс и додава дека имала неколку „лип флип“ процедури. Додава дека иако ноктите и се „распаднати“, тие се вештачки, тенот и е вештачки, а забите – иако не се вештачки – се резултат на петгодишна ортодонтска терапија, скапа нега и редовно белење.
„Ништо од ова не е природно. Не сакам ниедно младо девојче што ме следи да мисли дека ова е природен стандард за убавина“, истакнува таа. Додека признава дека некои луѓе навистина се будат убави, таа не е една од нив. Вели дека вложила многу пари за да се чувствува најдобро во своето тело – и тоа сака да го сподели искрено.
Да беа сите инфлуенсерки вакви ќе беше добро
Нејзиното видео доби бројни позитивни реакции. Многумина ја поздравија нејзината искреност и посакаа повеќе инфлуенсери да го следат нејзиниот пример. Ова е важен чекор во справувањето со нереалните стандарди на убавина што го поттикнуваат ниското самопочитување, анксиозноста и телесната дисморфија кај младите.
Коментирај анонимно