Инфлуенсерка за малку не си го запалила лицетото, откако извела „трик“ во солариум, што ѝ го кажала другарка
Инфлуенсерка упати сериозно предупредување откако кожата на нејзиното лице била изгорена при обид за „опасен“ трик со солариум.
Грижата за кожата е клучна, особено при изложување на сонце или користење солариуми. Наталија Армстронг, 23-годишна инфлуенсерка од Донкастер, Велика Британија, сподели ужасно искуство кое ја оставило во болки и неспособна да спие неколку дена. Таа решила да промени како го користи солариумот, што резултирало со сериозни изгореници на лицето.
На 18 јануари, Наталија користела солариум 20 минути, нешто што го прави неделно веќе две години. Но, наместо да лежи вообичаено, го ставила лицето на местото каде обично стојат нозете, по совет на пријателка дека ова ќе резултира со подобар тен.
„Пријателка ми кажа да пробам. Не знаев дека ламбите за лице се многу помалку силни од другите. Лежев така цели 20 минути. Кога завршив, не чувствував ништо, дури ни дека сум потемнета“, објасни Наталија.
Но, истата ноќ, лицето почнало да ѝ црвенее, а следните денови кожата ѝ се затегнала, создавајќи меури и лупење. Поради отокот на прстите, таа била примена во болница, каде ѝ бил даден антибиотик и крема за лице. Лекарите ја предупредиле дека ако чекала подолго, можела да го загуби прстот.
Наталија сега ја користи својата платформа за подигнување свест за опасностите од солариумите.
„Не слушајте совети од други за вакви работи. Јас никогаш повеќе нема да го сторам тоа“, изјави таа пред своите 144,000 следбеници на „TikTok“.
Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!
Коментирај анонимно