Инфлуенсерката е упорна да направи селфи, па ако треба и да умре: Силниот бран ја однесе и за малку ќе ја „акнеше“ од ѕидот на пристаништето

Едно видео споделено на социјалните мрежи го сними моментот кога една инфлуенсерка, означена како „идиот“ зад камерата, беше однесена од бран во Источниот Пјер во Витби, Северен Јоркшир. Таа е соборена на земја од силниот бран и едвај се спасува.

Стив Харт, висок оперативен офицер за крајбрежната стража, рече: „Нашиот совет е ако има предупредување за невреме и ако не треба да патувате едноставно не се приближувајте до пристаништето. Не вреди да си го ризикуваш животот за слика или селфи, ниту пак вреди да ги ризикуваш животите на нашите волонтери, кои потенцијално би требало да излезат на спасување и да те извлечат од водата. Времето ќе биде лошо во следните неколку дена. Ако нема потреба да патувате или да одите во близина на брегот, само останете внатре“.

 

Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *