Иновација на годината! Американец претворил „Крајслер 300“ во „Ролс Ројс“ и се обидува да го продаде за 25.000 евра!
Сопственик на автомобил што се продава преку Интернет, потрошил илјадници долари обидувајќи се да го направи својот автомобил да изгледа како „Ролс Ројс“, но никого не залажува. Продавачот сака да добие 25.000 долари за автомобил на „Facebook Marketplace“.
Она што било скромен „Chrysler 300“ од 2007 година, сега чини огромна сума пари и во рекламите е опишано како „многу уникатно“.
Сега автомобилот има масивни златни и виолетови тркала и соодветна златна решетка во стилот на Ролс-Ројс. Предниот дел на автомобилот очигледно се обидува да го имитира „Rolls-Royce Phantom“, кој чини околу 360.000 евра без дополнителни опции.
Назад, ќе најдете стара значка на „Крајслер“ која сè уште е на место, но најголемиот дел од работата е завршена на покривот на автомобилот. Покривот на „Крајслерот“ бил отстранет и заменет со стакло за да се создаде панорамски поглед.
Околу стаклото има виолетова велур ткаенина со сјајни златни столпчиња за да одговараат на тркалата и решетката. Внатрешноста е редизајнирана и е речиси непрепознатлива од стандардната внатрешност на „Крајслерот“. Секоја површина е обработена во бела, виолетова или златна боја, а седиштата се обвиткани во кожа и велур.
На контролната табла е извезен зборот „кралско семејство“, а на патосниците се извезени круни. Звучниот систем е надграден, со огромни решетки за звучниците на секоја врата.
Автомобилот поминал импресивни 177.027 километри и е на продажба во Атланта, Џорџија за 25.000 евра.
Коментирај анонимно