Инспектори поставија стапица за да видат дали хотелите ја менуваат постелнината за време на пандемијата COVID-19 и прилично се разочараа
Нешто што нè научи пандемијата е тоа колку е важна личната хигиена како и хигиената на просторот околу нас. За нашето здравје, за безбедноста на сите. Места, како хотелите, треба сериозно да ги сфаќаат ефектите од COVID-19 и да ги преземаат сите соодветни мерки, со оглед дека нивниот бизнис и животот на луѓето зависат од тоа.
Сепак далеку од тоа дека во секој хотел ова се почитува. Инспекторите од „Inside Edition“ одлучија да ги стават хотелите на тест. Тие влегле во неколку луксузни хотелски соби во Њујорк и со „невидлив спреј“ оставиле лого на постелнината. Логото може да се види само под УВ-светло, а истото лесно се измива со вода. Што значи доколку хотелите ја перат постелнината нема да има ниту трага од логото.
Можете ли да претпоставите што се случило кога екипата се пријавила под различно име на истите места наредниот ден? Ова можеби не би било толку страшно да бевме 2018 или 2019, но како за 2020 година, ова е ужасно!
Посета на Hyatt Place
Наредниот ден
Посета на Hampton Inn
Наредниот ден
Посета на Trump International
Нареден ден