Инстаграм „моделот“ мораше да си го избрише профилот откако ја фатија што крие зад фотошопираните фотографии
Денес на Инстаграм можат да се најдат секакви модели, тежоната, висината, изгледот и не е толку важен. Секој има свој вкус и луѓето ги прифаќаат како такви.
Но, сепак има луѓе кои го менуваат својот изглед драстично со алатките за фотошопирање, што личноста од профилот и во реалноста како да не е истата.
Роса Јин имала многу следбеници на Инстаграм и водела блог за одржување на диета. Таа на фотографиите изгледа прилично фит и поради тоа производите за диета кои ги рекламирала биле популарни. Сепак тајната на Роса е откриена откако таа била да се фотографира во салон за автомобили.
Додека Роса позирала до автомобилот, а фотографот ѝ направил фотографија која секако потоа ја уредил, некој човек ја фотографирал со телефонот и ја објавил на социјалните мрежи за да покаже како таа навистина изгледа. Роса била бесна па дури и нудела награда од 60 евра за оној кој ќе ѝ каже кој ја направил фотографијата за да може да го тужи.
Наскоро таа го избришала нејзиниот профил и продажбата на производуте за диета очигледно ѝ била загрозена.