Инстант карма! Кога нападно ѝ се пушташ на Русинка која е шампионка во ММА и не прифаќаш кога ти вели да НЕ ја допираш, те чека ова
21-годишната Алиса Иринина ги презела работите во свои раце кога дечко со кој накратко се забавувала во минатото се појавил непоканет на нејзиниот роденден и почнал да се „однесува несоодветно“.
Русинката рече дека неколку пати му рекла да престане да ја „допира“, но тој продолжил да ја „малтретира“ и покрај тоа што Алиса јасно кажала дека не е заинтересирана.
На видеото се гледа како откако обезбедувањето не успева да дејствува, Алиса го прави својот брутален потег.
Збунетиот маж очигледно не знаел дека Алиса е шампионка во мешани боречки вештини во нејзиниот регион Белгород.
Во 2020 година таа освои бронза на Светското аматерско првенство во граплинг и ММА лига во Санкт Петербург.
Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!
На слична ситуација бев сведок во автобус на градски превоз во Куманово, каде удварачо доби чотек!!!
Но, приказнава има среќен крај (?), бидејќи после 3 тепања, Типо (не е Фиат), ја фати за женска, а после и за жена!
Коментирај анонимно