Интересни факти кои треба да ги знаете ако сакате да бидете најпаметни во друштво

На училиште нè учат толку многу работи, но сепак само некои од нив вистински ни се корисни. Иако материјал што го учиме е обемен, ни недостасуваат најинтересните факти за нашиот свет. За среќа, има само еден чекор од незнаење до знаење. Затоа, засукајте ги ракавите и подгответе се за брзо зајакнување на мозокот.

Ние ќе споделиме неколку факти кои сигурно не ви ги кажал професорот на училиште.

  •  Игуаните имаат 3 очи. Третото око е на врвот на главата и служи само за примање на светлина.

  • Лас Вегас е најсветлата точка на планетата гледајќи од вселената.

 

  • Австралија е широка колку Месечината.

 

  • Февруари порано бил последниот месец од годината, затоа има најмал број на денови.

 

  • Рокот на истекување на шишето со вода е за самото шише, а не за водата.

  • За приближно 4.000 години Биг Бен во Лондон ќе биде под истиот агол како кулата во Пиза затоа што тоне во бреговите на Темза.

 

  • Ние сме повисоки наутро, а пониски навечер.

 

  • Јаболката ви помага да бидете будни подобро од кафето.

 

  • Вашите крајници можат повторно да пораснат ако остане малку ткиво за време на процесот на отстранување.

 

  • Зовриена вода гаси пожар подобро од ладна вода.

 

  • Bluetooth е именуван по кралот на Викинзите, Харалд Блутут.

 

  • Боинг користи компири за да тестира Wi-Fi затоа што тие ги апсорбираат сигналите слично како луѓето.

  • Жените трепкаат почесто од мажите.

 

  • Неандерталците имале поголем мозок од современиот човек.

 

  • Мачките може да се алергични на луѓето. Или подобро кажано, на нивниот парфем или сапун.