Интернет сензација! Татко освојува срца на “Инстаграм“, откако стана модел за плетените креации на својата ќерка

Денес, соочувањето со предрасудите на луѓето во однос на нашиот изглед не е реткост. Сепак, тоа воопшто не го плаши Џеф Бивер, херојот на нашата денешна статија. Поддржувајќи го бизнисот на својата ќерка, Џеф е подготвен да проба стотици различни парчиња облека, докажувајќи дека не постои ништо што мажот не може да направи.

Ние сме инспирирани од храброста на семејството Бивер и сакаме да ја споделиме нивната приказна со вас.

1. Ќерката на Џеф, Емили, својот бизнис го започнала во 2015 година

Во 2015 година, Емили Бивер ја трансформирала својата страст за шиење и плетење во мал семеен бизнис.

Сепак, таа го доживеала својот замав до 2021 година, кога нејзиниот татко се вклучил и почнал да ги носи  кроп-топовите и шорцевите што ги шие неговата ќерка. Џеф е подготвен да носи сè што ќе создаде Емили, и тој се чувствува целосно удобно во своето тело. „Татко ми никогаш не се двоумеше да ми помогне“, вели Емили. „Тој секогаш беше огромен поддржувач на мене и на мојата работа“.

2. Бизнисот на Емили го достигна својот врв откако Џеф се вклучи во негова реклама

Емили почнала да плете само за себе, но, како што има напишано на својата веб-страница, „Многу уживав кога ги гледав моите креации на пријателите и радоста кога носеа мал дел од мојата уметност“. Првата која се појави како кроп топ модел на „Инстаграм“, на Емили, беше нејзината мајка. Кога видеото со нејзината мајка поминало добро, Емили го замолила нејзиниот татко да учествува.

Џеф бил среќен што се вклучил. „Секогаш кога ги вклучував моите родители во видеата, знаев дека ќе има нешто посебно во концептот на семејство кое носи плетени работи заедно“, споделува Емили.

3. Џеф не планира да застане

Семејниот бизнис испадна толку успешен што Емили ја напуштила својата редовна работа и целосно се фокусирала на создавање парчиња облека. Денес, таа има повеќе од 30.000 следбеници на „Инстаграм“ и повеќе од 600.000 на „Тик ток“. Џеф е возбуден што уште повеќе ќе го разбуди интересот на публиката. „Татко ми прави се што е потребно за да ги продаде моите креации“, коментира Емили на видеото на кое нејзиниот татко се качува по скала за да се слика на покривот.

4. Предрасудите со кои се соочуваат, не ја намалуваат важноста на нивниот бизнис

Гледајќи го Џеф како манекен, некои луѓе го исмејуваат и тврдат дека е несоодветно мажот да се изложува на начин на кој тој го прави тоа. Сепак, Џеф и Емили „се трудат да не ги земаат при срце негативните коментари“, како што објаснува Емили. Сепак, бројот на позитивни коментари го надминува бројот на негативни. „Тешко е да се биде негативен кон семејството кое се забавува заедно“, вели Емили.

„Највредниот дел од нашата заедничка работа е квалитетното време што го поминуваме заедно смеејќи се и правејќи забавни видеа“, додава таа.

5. Семејството Бивер се навикнува на славата

На Емили не и било тешко да ги вклучи своите родители во процесот на создавање креативни содржини. Тие живееле заедно кога таа го започнала својот бизнис, а тројцата се прилично креативни. Страста што ја споделуваат им помогнала брзо да се прилагодат на популарноста и да почнат да уживаат во неа. „Вниманието е многу забавно!“, вели Емили.

„Никогаш не знаевме колку ќе биде големо ова, но ја прифаќаме возбудата!“, додава таа.

Што мислите за бизнисот на семејството Бивер? Дали имате страст што ја споделувате со вашите најблиски?

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *