Интернетот полуде поради „генијалниот“ трик со авокадо на еден маж
Еден маж од Јужна Африка го воодушеви интернетот со својот едноставен, но брилијантен начин на сечење авокадо — кој помага да не потемнува толку брзо.
Наместо да го сече по должина, како што прави поголемиот дел од луѓето, Мајки од Кејп Таун открива дека со години го сече авокадото одозгора — само го отсекува врвот, па зема од внатрешноста со нож по потреба.
Се сече само врвот од авокадото — не се преполовува. Со нож се вади потребната количина. Остатокот останува недопрен, со многу малку изложена површина, што значи дека не потемнува лесно. После тоа, само го покриваш и го враќаш во фрижидер.
Коментирај анонимно