Иранската „Зомби Анџелина Џоли“ е осудена на 10 години затвор
Иранска инфлуенсерка наречена „Зомби Анџелила Џоли“ заврши во затвор во Иран поради активностите на Инстаграм. Позната како Сахар Табар на платформата, 19-годишната Фатемех Кишванд ќе одлежи 10 години затвор за „промовирање на јавна корупција“.
Пред да биде избришан нејзиниот профил девојката имала 486.000 следбеници откако редовно објавувала фотографии од изоблиќеното лице. Додека имало многу дискусии за тоа ккао нејзините фотографии предизвикуваат негативни ефекти поради операциите кои ги имала за да изгледа така, Фатемех инсистирала дека тие се плод на шминка и фотошоп.
Првпат беше уапсена пред една година за обвиненија за богохулење, поттикнување насилство, стекнување приход преку несоодветни средства и охрабрување на младите на корупција, како што објави тогашната новинска агенција Тасним.
„Сахар Табар има само 19 години. Нејзината шега ја донесе во затвор. Нејзината мајка плаче секој ден за да ја ослободи својата невина ќерка. Почитувана Анџелина Џоли! Тука ни треба вашиот глас. Помогнете ни.“, вели новинарката Масих Алинејад.
Повикувајќи ја актерката да помогне во ослободувањето на инфлуенсерот, Алинејад рече: „Исламската Република има историја на мачење жени. Треба да бидеме обединети против овој родов апартхејд.“
Во јули 2019 година, Кишванд за прв пат објави слика од нејзиниот претходен изглед. Подоцна, таа признала дека претрпела одредена операција на лицето, вклучително и операција на носот, полнила за усни и липосукција.
Таа изјавила: „Ова е Фотошоп и шминка. Секој пат кога објавувам фотографија, го сликам лицето на сè позабавен начин. Тоа е начин на изразување, еден вид уметност. Моите обожаватели знаат дека ова не е моето вистинско лице.“