„Не сме виделе акција со таква ефикасност“: Ирска стави стадо овци во улога на „археолози“

Овците имаат многу употреба, но малкумина би ги сметале за археолошка алатка, но во Ирска не мислат така.

Како и да е, овците во Корк се користат да ја јадат прекумерено израснатата трева околу гробиштата и надгробните плочи и да им овозможат на историчарите да имаат увид во минатото.

Советничката Одри Бакли, беше инспирирана да го стори тоа со овци на гробиштата Свети Метју во Кросхејвен, откако ја виде ефективноста на истата процедура со кози во Велс.

Овците успешно го пронајдоа надгробниот споменик на двегодишното девојче кое почина на 7 октомври 1872 година. По ова, беше контактиран внукот на девојчето.

Бакли разговараше за реакцијата на семејството: „Тој се обидуваше да најде информации за неа и планираше да дојде од Велика Британија минатата година, но мораше да се откаже поради Ковид. Воодушевен е и планира да го посети што побрзо. Тој е толку благодарен на сите вклучени.“

Овците им овозможуваат на историчарите да најдат споменици што биле скриени длабоко под вегетацијата. Згора на тоа, многумина тешко се идентификуваат без овците, бидејќи камења се користеле како споменици.

Исто така со помош на овците волонтерската група Templebreedy SOS пронајде гроб на четиричлено семејство. Бакли вели: „Овците јадеа околу него и ние го расчистивме. Одделот за наследство на Советот на округот Корк не видел слична ваква акција со таква ефикасност.“

Во Темплбреиди СОС има 12 доброволци, а на моменти тие барале помош од минувачи додека ги преселувале овците. Бакли истакна дека овците и овозможиле на групата да најде необележани споменици, како и гробовите на богатите кои се појасно обележани. Пронаоѓањето на овие камења „нè одржува“, вели Бакли.