Исчезнат планинар за кој се мислело дека е мртов се појавил на прес-конференцијата одржана за него

80-годишен планинар, за кого се претпоставувало дека е мртов, повторно се обедини со своето семејство кога се појави на прес-конференција за сопственото исчезнување. Хари Харви, од Тајнемут, Велика Британија, беше пријавен за исчезнат во областа Гунерсајд во Ричмондшир во Северен Јоркшир.

Планинарот тргнал со организирана група за пешачење, но тој се разделил од нив за време на силното невреме со град. Тој ја опиша областа како „пуста“ и рече дека сфатил дека мора да најде безбедно место за преноќување па така поминал 3 ноќи на „диво кампување“.

Хари беше опишан како „компетентен планинар“ од офицерите, а тој подоцна им рече на новинарите дека го „добил целиот комплет, целата обука“ неопходни за да остане безбеден, но тоа не го спречи да претрпи пад додека премина поток.

Стравувајќи дека планинарот може да биде повреден, дури седум екипи за спасување планини работеа за да ѝ помогнат на полицијата да го пронајде Харви, додека од локалните жители и работниците беше побарано да проверат во нивните колиби, шупи и штали.

Хари всушност забележал полициски хеликоптер и луѓе, но не сфатил дека го бараат. Тој го користел свирчето за да упати повик за помош, но немал среќа да привлече внимание. Во вторникот, на 8 септември, семејството на Хари планираше да одржи јавен апел во „Тан Хил Ин“, но непосредно пред да започне, тој се појави во „Ленд Ровер“ со спасувачи од планината.

Претходно тој ден, планинарот бил забележан од фотограф на дивиот свет кој го забележал како мавта. По неговото безбедно враќање, семејството на Хари веднаш почнало да го прегрнува бидејќи мислеле дека е мртов.