„Исчезнав во шума цели 30 дена, без храна, облека и вода – она ​​што го доживеав таму пред спасувањето одзеде години од мојот живот“

По повеќе од еден месец борба за живот во дивината на Вашингтон, 39-годишниот маратонец Роберт Шок беше спасен од работ на смртта.

 

 

Овој музичар од Блејн, Вашингтон, планирал само еднодневно „бегство“ од 30 километри со својот пес Фреди на 31 јули во Националниот парк Северни Каскади, но неговото патување се претворило во повеќедневна борба без храна, засолниште, облека или мобилна мрежа.

„Осаменоста го зеде својот данок,“ изјавил Шок. „Се надевам дека ќе ги вратам тие години“.

Како тркач, Шок не бил подготвен за долги престои во природа. Со себе имал само шорцеви, Фреди и сад за вода во мал ранец. Тргнал на пат кон патеката Чиливак Ривер преку патеката Копер Риџ, минувајќи ја реката со кабелска железница. Но, неговата стара мапа не го прикажала уништувањето на патеката по пожарите од 2021 и 2022 година.

 

 

„Патеката веќе не беше таму“, изјави Шок. Од желба да дознае што се случило со патеката, продолжил да оди понатаму, но се изгубил. Веќе вториот ден, мобилниот му се испразнил, а на третиот ден го испратил Фреди да пронајде пат до дома. Почнал да го губи чувството за време и полека се откажувал од надеж.

Во меѓувреме, на 4 август, здружението за хумано постапување со животни „Whatcom“ во Вашингтон ја исконтактирало неговата мајка во Северна Каролина, известувајќи ја дека го пронашле Фреди, но не можат да го лоцираат Шок. Таа пријавила исчезнување во полиција на 5 август, а тие откриле дека неговиот автомобил веќе бил пронајден во паркот.

По 30 дена, Шок бил крајно исцрпен и со тешка дезориентација крај брегот на реката Чиливак.

„Седев таму, знаејќи дека нема да ја преживеам ноќта,“ вели тој, „па решив да викнам уште еднаш“.

 

 

 

Неговиот повик овој пат бил слушнат: членови на здружението што го пронашле, враќајќи се во својот камп, го чуле неговиот крик. Наскоро бил пренесен со хеликоптер во болница, каде што минал уште еден месец во опоравување.

Шок сега закрепнува кај својот татко во Охајо, но најави дека планира да се врати на патиштата, но, како што вели, нема да се врати близу до местото кадешто се изгуби.

„Не можам доволно да им се заблагодарам на спасувачите,“ изјавил тој.

Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *