„Искористив билет стар речиси 50 години и влегов во „Дизни“ забавниот парк. Тој тогаш вредел многу помалку отколку сега, имав среќа!“
Како се заштедува пари во услови на зголемени цени ? Со враќање во времето.
Еден „TikTokker“ успеал да влезе во забавниот парк во Орландо, Флорида за само 8 долари со користење на „златен билет“ стар речиси 50 години. Неверојатниот хак што и противречи на инфлацијата беше споделен во видео на „TikTok“ со над 8 милиони прегледи.

„Се обидов да влезам во „Дизни Ворлд“ користејќи билет стар 46 години“, изјави Метју Ејблс во натписот на клипот.
Тој брзо сфатил дека билетот е потенцијално валиден откако забележал дека „никогаш не бил користен и нема рок на траење“, според клипот. Единственото предупредување било дека билетот му овозможува само пристап до „Волшебното Кралство“, и тоа само за еден ден.
Но, тоа не било лоша зделка со оглед на тоа што билетот чинел само 8 долари при купувањето. За потсетување, сегашните цени на билетите може да чинат до 184 долари за посетители над 10 години и 179 долари за оние на возраст од 3 до 9 години.

Сепак, човекот пристигнал во паркот несигурен дали неговиот билет стар половина век ќе му дозволи да влезе внатре.
„Не можам да верувам дека ова навистина функционираше“, вели човекот.
„8 долари во 1978 година вредат околу 40 долари во денешната вредност“, изјави еден гледач. „Лудо е колку постојано се зголемуваат цените“.

Пронајдокот на Ејблс не можел да дојде во подобро време. Во октомври, Дизни ги зголеми цените во своите забавни паркови во Калифорнија и Флорида за дури 10% на некои билети за да се бори против намалувањето на профитните маржи.

Коментирај анонимно