Искрена исповед на Американка која живее во Париз: „Украдени ми беа шест мобилни телефони, возачот на „Uber“ се обиде да ме киднапира, бев нападната во Лувр од околу 14 момци и ме дрогираа со нешто на Сена“

Американка која живее во Париз ја одбележа својата шестгодишнина во земјата откривајќи ја бруталната реалност на живеењето на нејзиниот сон.

 

 

Аманда Ролинс, која по потекло е од Бостон, Масачусетс , но се преселила во Европа во 2017 година, на „TikTok“ ја извади листата на проблеми што била принудена да ги надмине, живеејќи таму. Во клипот, кој досега е прегледан повеќе од 811.000 пати, Аманда зборува директно пред камерата додека искрено ги споделува своите мисли.

Таа започнува: „Денес е мојата шестгодишнина од преселбата во Париз и сакам да споделам неколку мисли со вас. Постојат четири труднички стомаци кои никогаш не сум ги допрела и седум новороденчиња кои никогаш не сум ги држела. Четири погреби на кои не можев да присуствувам и десетици роденденски забави на кои не можев да присуствувам“.

 

„Украдени ми беа шест мобилни телефони, возачот на „Uber“ се обиде да ме киднапира, бев нападната во Лувр од околу 14 момци и ме дрогираа со нешто на Сена. Отидов во полициска станица за да пополнам полициски извештаи пет пати и пет пати ја посетив болницата. Еден Французин ме натера да плачам најмалку 100 пати, а најмалку 500 пати ми беше кажано „c’est pas possible“ кога тоа беше можно“.

„Ќе стекнете нови пријатели, а потоа тие ќе се оддалечат. Нема да можете да се изразите онака како што сакате и ќе се најдете како постојано размислувате: „Јас сум многу попаметна на англиски, толку сум посмешна на англиски, тие немаат поим“.

Но, проблемите не застануваат тука, бидејќи ѕвездата на социјалните мрежи додава: „Ќе мислите дека течно го зборувате јазикот, а потоа ќе дознаете дека не го знаете, а потоа ќе мислите дека навистина, навистина течно го зборувате овој пат, но не, сеуште не“.

 

 

Завршувајќи го својот искрен говор, Аманда вели: „Што е најважно, можам да се погледнам во огледало и да кажам дека направив се што отсекогаш сум сакала да правам“.

Таа го завршува клипот со возбудлива изјава: „Ако има нешто што сакаш да го направиш во животот, направи го, бидејќи ако не го направиш, остатокот од животот ќе го поминеш жалејќи се за тоа“

Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *