Искрено пријателство: Гулаб, кој не може да лета, стана најдобар пријател со чивава, која не може да оди

Херман и Лунди, гулаб што не може да лета и кученце кое не може да оди станаа неразделни пријатели откако се запознаа во спасувачкиот центар. Двете симпатични животни се запознале преку Фондацијата Миа, организација за спасување во Рочестер, Њујорк, која ги рехабилитира животните со дефекти при раѓање и физички деформитети.

Херман бил пронајден пред нешто повеќе од една година во паркингот на авто-салон, каде три дена седел, а не се движел. Неговите спасувачи наскоро сфатиле дека претрпел невролошки оштетувања и не можел да лета. Ветеринарите кажале дека птицата не може да се рехабилитира и треба да биде еутанизирана, но Сју Роџерс – основач на Фондацијата Миа – ги презеде работите во свои раце и одлучи да се грижи за Херман.

Лунди е кученце неодамна донесено во фондацијата и таа не може да ги користи задните нозе. Роџерс се сомнева дека потешкотијата на кученцето е поради оштетување на ‘рбетниот мозок. Веднаш штом биле ставени едни до други животните се зближиле и не се разделуваат. Да се надеваме дека оној кој ќе ги посвои ќе се одлучи да ги земе и двете пријателчиња.