Искрено се израдував затоа што живеам во Македонија (виц)

Вчера после којзнае колку време искрено се израдував затоа што живеам во Македонија. Откако знам за себе, државата ја водат нечесни луѓе кои гледаат само да украдат тоа што можат, а кога ќе снема за крадење, ќе си земат кредит. Улицата пред мојата куќа никогаш не е асфалтирана, а секои избори двете партии ветуваат дека ќе ја асфалтираат. Вчера ми падна телефонот во калта и не се скрши. Да беше асфалтирана, ќе беше на парчиња. Како да не се израдува човек што живее во Македонија?