Исланѓаните го тролаат Закерберг и претставуваат уникатно искуство во „Исландверс“
На Марк Закерберг навистина не му беше лесно во последните месеци, а сега решија да го исмеваат на местото каде што најмалку би се надевал.
Имено, исландскиот туристички одбор објави генијално видео во кое ги промовира убавините на најсеверниот остров во Европа, што е и пародија на најавата на Закерберг за промена на името на компанијата Фејсбук во Мета.
Да потсетиме, Закерберг во видеото претстави „метаверс“ или метапростор, простор со зголемена реалност во „каде што ќе можете да правите речиси сè што ќе замислите“.
Во исландското видео, Зак Мосбергсон, кој може да се пофали со титулата главен визионер и кој многу потсетува на Закерберг ја започнува презентацијата со зборовите: Денес би сакал да разговарам за револуционерен пристап за тоа како се поврзуваме со нашиот свет без да бидеме многу чудни.
За разлика од Закерберг, кој во своето видео ги пофали виртуелните можности на идниот метапростор, исландската верзија ги истакнува придобивките од опипливиот свет.
„И како го нарекуваме ова не толку ново поглавје во човечката врска? Исландверс, засилен со реалната реалност без смешни уреди на главата“, се зборува во исландското видео. Тој ја започнува презентацијата со зборовите: „Денес би сакал да разговарам за револуционерен пристап за тоа како се поврзуваме со нашиот свет без да бидеме многу чудни.“
За разлика од Закерберг, кој во своето видео ги пофали виртуелните можности на идниот метапростор, исландската верзија ги истакнува придобивките од опипливиот свет.
Со прекрасните исландски пејсажи и истакнувањето на сите придобивки од доживувањето на Исланд во живо, исландскиот Закерберг нагласува дека кај нив „сè е реално“. Видеото стана многу популарно на Твитер и луѓето не можат а да не се воодушеват.

Научно е докажано дека смеењето го продолжува животот. На каналот Смешни видеа секојдневно се објавуваат по повеќе вакви „продолжувачи на животот“. Токму затоа и постои Мотика, да ве насмее и да ви го разубави секој ден од животот.