Историјата на компјутерите и нивните цени: Првиот домашен компјутер продаден во 1,5 милиони примероци бил пуштен во продажба на денешн ден

Британскиот ZX81 беше еден од првите домашни компјутери во светот и беше продаден над 1,5 милиони пати. Продажбата започна на 5-ти март 1981 година.

ZX81 бил дизајниран да биде мал, едноставен и пред сè евтин, со што е можно помалку компоненти. Програмите и податоците се вчитувале и зачувувале во компактни аудио касети. Користел само четири силиконски чипови и само 1 KB меморија. ZX81 можел да се купи по нарачка претходно составена или за пониска цена во форма на комплет. Чинел од 49 до 69 фунти ( 3493 и 4919 денари ) и поради тоа станал многу популарен.

Договорот за лиценцирање на Синклер со Тајмкс ѝ овозможиле на американската компанија да произведе три клона или подружници на машини Синклер за американскиот пазар. Тоа биле Timex Sinclair 1000, Timex Sinclair 1500 (двете варијанти на ZX81) и Timex Sinclair 2068 (варијанта на ZX Spectrum). TS1000 бил лансиран во јули 1982 година и предизвикал огромен интерес. Тајмекс примал над 5.000 повици на час, 50.000 неделно, од луѓе кои се распрашувале за компјутерот.

Но ова не бил единствениот компјутер во тоа време. Погледнете како изгледале компјутерите кои биле достапни за купување во 1981 година и самите одлучете колку технологијата тргнала напред.

Apple II Plus – 39.140 денари

Atari 400 – 20.604 денари

Commodore PET – 28.446 денари

Commodore VIC-20 – 13.474 денари

Video Genie – 19.891 денари

TRS-80 Model I – 28.446 денари

Acorn Atom – 12.333 денари

Texas Instruments TI-99/4A – 28.446 денари