Историјата пресуди: 134 годишен „прирачник“ ја реши вечната мистерија – како треба да биде свртена тоалетната ролна?

Една од најдолговечните домашни дебати – дали тоалетната хартија треба да е свртена нагоре или надолѕ – конечно има официјален одговор, и тој доаѓа од далечната 1891 година.
Иако интернетот е преполн со анкети, листи и дебати на оваа тема, историскиот доказ решава сè.

 

Одговорот е јасен…

Во 2015 година, новинарот Овен Вилијамс објавил слика од оригиналниот патент за перфорираната тоалетна хартија, патентирана од Сет Вилер – изумител и основач на Albany Perforated Wrapping Paper Company. На дијаграмите, хартијата јасно се прикажува како се одмотува од горната страна на ролната, односно „над“.

Овој патент од 1891 година е достапен и во Google Patents Database, каде повторно сите илустрации прикажуваат иста ориентација. Вилер ја патентирал перфорираната хартија уште во 1871 година, но подоцна ја усовршил во ролна за да го намали отпадот и да ја олесни употребата.

 

Одговорот е јасен...

Со зборовите на Вилер: „Мојата подобрена ролна може да се користи на наједноставни држачи“, тој покажал дека неговото решение е практично и универзално.
Значи, одговорот е јасен и историјата зборува – тоалетната хартија треба да е „свртена нагоре“.

  • Васе напиша:

    И ова ти било наука!

  • Коментирај анонимно

    Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *