Истражување откри кои олимпијци живеат подолго, оние кои освоиле злато или оние кои дома заминале со сребро

Асистентот-професор на Универзитетот во Вирџинија, САД, Адам Лејв, ги анализираше натпреварите помеѓу 1896 и 1948 година, при што дојде до заклучок дека сребрените медалисти живеат подолго.

Истражувањето на Лејв откри дека до 80 -годишна возраст, околу половина од освојувачите на сребрени медали се` уште биле живи, во споредба со една третина од освојувачите на злато.

Тој во своето истражување вели: „Спротивно на конвенционалната мудрост, победниците умираат една година порано од губитниците“.

Студијата, достапна на Интернет во списанието „Журнал за здравствена економија“, забележа дека оние што освојуваат прво и второ место се доста слични и имаат тенденција да бидат слични по висина, возраст и други физички атрибути и способности.

Според Лејви, не само што освојувачите на сребрени медали живеат подолго, туку и заработуваат повеќе пари.

Во истражувањето се вели:

„Наоѓам силни докази за разлики во заработката и професионален избор. Според поединечните пописи, губитниците се занимавале со професии со повисока плата од победниците“.

Не е познато зошто олимписките спортисти со понизок ранг имаат повисока плата.