Истражување покажа дека научниците и не се толку паметни како што мислиме
„Како би знаел? Јас не сум научник по нуклеарна физика!“
Освен ако не сте вклучени во дискусија конкретно за нуклеарна физика, големи се шансите да сте ја слушнале оваа фраза да се користи кога некој сака да каже дека не е гениј.
Како што се испостави, сепак, научниците и хирурзите можеби не мора да бидат попаметни од членовите на пошироката јавност, па ако некогаш сте размислувале да направите драматична промена во кариерата, нема ништо што ве кочи.
Истражувачите се надеваа дека студијата ќе идентификува која професија има интелектуална предност, како и дали перцепциите на јавноста за секторите имаат основа во реалноста.
За да одговорат на овие прашања, истражувачите побараа од 329 воздушни инженери и 72 неврохирурзи да решат серија задачи во шест когнитивни домени користејќи го „Големиот тест за британска интелигенција“, кој ги разгледува областите како работната меморија, вниманието и обработката на емоциите.
Испитаниците беа прашани за нивната возраст, пол и искуство во индустријата, а резултатите потоа беа споредени меѓу секоја група, како и со податоците претходно собрани од 18.000 членови на британската јавност.
Резултатите од студијата, објавени во Британскиот медицински журнал, покажаа дека иако секоја група има свои силни страни, генерално има малку разлики помеѓу воздушните инженери, неврохирурзите и членовите на јавноста.
Утврдено е дека неврохирурзите постигнале значително повисоки резултати од воздушните инжињери во семантичкото решавање на проблеми, како дефинирање на ретки зборови. Сепак, воздушните инженери се покажале подобри во тестовите поврзани со вниманието и задачите за ментална манипулација.
Во споредба со членовите на јавноста, инжињерите не покажале значителни разлики во ниту една од тестираните области. Утврдено е дека невронаучниците се побрзи во решавањето на проблемите отколку пошироката јавност, но нивната меморија била побавна.
Истражувачите сугерираат дека ова може да се должи на „брзата природа на неврохирургијата… или може да биде, иако помалку веројатно, производ на обука за брзо донесување одлуки во временски критични ситуации“. Студијата истакна дека „можно е и неврохирурзите и воздушните инженери непотребно да се поставени на пиедестал“ и додаде дека „други специјалности можеби заслужуваат да бидат на тој пиедестал“.
Во иднина, треба да се работи на „одредување на најзаслужната професија“, велат истражувачите.