Италијанец пронајде тајна соба во својот дом и откри интересни работи од минатото

Семејство од Италија откри тајна просторија во својот дом за која не знаеле сѐ додека не се одлучиле да реновираат. Како што се испостави, во просторијата, чија големина е околу 18,5 квадратни метри, имало неколку прилично интересни работи. Освен старите работи на претходното семејство имало 10-тина шишиња вино од 1960-тите и 70-тите години на минатиот век. Покрај тоа, во собата е откриена вредна книга, објавена уште во 1706 година – ова е книга посветена на „чудата на Нова Шпанија“. Раскажува за растенијата и животните на шпанските колонии во Централна Америка.