Италијанското такси, кое ги возеше Канје Вест и Бјанка Ценсори, додека бесрамно се ЗАДОВОЛУВАА на бротчето, доживотно ги „банираше“ како муштерии

Канје Вест и неговата австралиска „сопруга“ Бјанка Ценсори добија доживотна забрана од венецијанска компанија за изнајмување чамци, по нивниот скандал во Италија минатата недела.

 

 

 

Двојката предизвика контроверзност минатиот понеделник, кога беа забележани како орално се задоволуваат, во водно такси во Венеција, при што Вест го разоткри својот гол задник пред очите на туристите. Сликите на парот го покажаа американскиот рапер (46) како седи на задниот дел од таксито додека неговата сопруга ја става главата во неговиот скут.

„Venezia Turismo Motoscafi“, компанијата која го изнајми чамецот на Вест и Ценсори, оттогаш зборуваше исклучиво за „Дејли Меил Австралија“ и потврди дека двојката „повеќе не е добредојдена“ на нивните чамци.

Во своето соопштение, компанијата ја осуди лошото однесување на парот, потврдувајќи дека „целосно не знаат“ што се случило на бродот, се додека фотографиите не беа објавени во јавноста.
„На бродот, возачот морал да внимава на сообраќајот и не ги видел овие непристојности. Да се ​​случело тоа, тој веднаш ќе ги симнел и ќе ги пријавел на надлежните“.

 

 

 

„Покрај тоа, во таксито имало и трето лице, кое ги придружуваше г-дин и г-ѓа Вест“. Третото лице беше жена која е сликана како ги следи Вест и Ценсори за време на нивниот италијански одмор.
„Г. Вест и неговата сопруга сигурно повеќе нема да бидат добредојдени на бродовите на нашата компанија“, додадоа тие.

„Venezia Turismo Motoscafi“ е една од водечките приватни компании за сообраќај во Венеција, која може да се пофали со импресивна низа славни муштерии, вклучувајќи ги Лејди Гага, Хари Стајлс, Флоренс Пју, Џенифер Лопез и Бен Афлек.

  • Васе напиша:

    Паров, дефинитивно не е нормален! Не на брод, јас би им забранил да влезат веќе во Италија, додуше во целиот свет! Само да имаат простор на движење во сопствениот двор.

  • Коментирај анонимно

    Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *