Итар Пејо, принцот и тајната за вечен живот (виц)
Еден млад принц многу одамна сакал да живее вечно и тргнал по светот да пронајде човек кој ја знае тајната. Кога поминал низ Македонија, кого и да го прашал, сите му велеле, само Итар Пејо може да ти помогне. Се упатил принцот кон Мариово и таму го пронашол Итар Пејо како си седи под една сенка.
– Дали сте вие Итар Пејо?
– Да, јас сум.
– Имам еден проблем и сакам совет од тебе. Сакам да живеам вечно! Кажи ми што да правам.
– Мојот совет чини 1 ќесе златници.
Му ги дал принцот златниците и Пејо му вели:
– Ако сакаш да живееш вечно, ожени се.
– Навистина? Ако се оженам ќе живеам вечно?
– Не, но желбата брзо ќе ти помине.

Коментирај анонимно