Иван Ајнштајн со нова песна: „Бори се“ ќе ве мотивира да станете од каучот и да му покажате љубов на светот!
Иван Ајнштајн, познатиот македонски јутјубер, има нова песна со наслов „Бори се“. Протагонист во новиот видео запис е неговата девојка Кике Цветче, која драстично го промени својот изглед благодарение на својата посветеност и поддршка од Иван и фитнес инструкторката Ана Стојанова со нејзината „Peach Army“.
Иако овој пар продолжува да не забавува на „Јутјуб“ и на другите социјални медиуми, ние им посакуваме успех и на македонската музичка сцена. Па, уживајте во нешто ново, добро и македонско!
Коментирај анонимно