Иван од Русија спасил и одгледал волче и сега тие се неразделни

Предрасуди и негативното мислење за волците постојат низ историјата на целото човештво. Многу луѓе ги гледаат овие неверојатни суштества само како опасни закани и сурови убијци на добиток.

За среќа постојат ситуации кои помогаат да се отстранат овие предрасуди и стереотипи.

Запознајте ги Иван и Серји

Во 2017 година на 8-ми мај фармери од регионот Астракан пронашле волчја јама со мали волчиња во неа и сакале да ги успијат. За среќа, Иван 46-годишен масер купил едно од малите волци од фармерите кога имало само 3-4 недели. Му го дал името Серји. Серји е единствениот веолк кој преживеал од јамата во која имало 6 малечки.

Добива помош од неговата ќерка

Набргу семејството се преселило во Волгоград и неговата ќерка Александра има 19 години. Таа работи како тренер на кучиња и му помага на својот татко.

Волк како домашно милениче не е лесна работа

Моментално Серји има 2,5 години, висок е 70 сантиметри и тежи 45 килограми. Иван вели дека животното бара да се шета без разлика на времето и дека чувањето на волк дома одзема голем дел од слободното време.

Серји е скоро како и секое друго куче

Иако ги сметаат за опасни Иван вели дека Серји е како и секое друго куче. Тој се плаши да ја премине улицата сам, се плаши од непознати предмети и луѓе. Иван затоа не дозволува другите луѓе да се фотографираат со него и затоа што не го смета за „изложбено животно“ туку за член од семејството.

Кога Иван го донел Серји дома тој веќе чувал неколку кучиња, но волкот се прилагодил со нив. Додека шетаат тој сака да се дружи со кучињата кои се со негова големина, но ги игнорира помалите.