„Избришав која бев претходно за да станам кукла“ – Жена потрошила над 115.000 евра за да стане Барби кукла, но останала целосно непрепознатлива
Алиша Алмира (31) од Шведска, која живее во Велика Британија, е во потрага да се трансформира од 21-годишна возраст.

Откако ја напуштила работата во ПР и се преселила во Лондон имала голем број операции и процедури за да го смени изгледот, вклучително и повеќекратни работи на градите, ринопластика, филери во челото, околу очите, образите, вилицата. и усните, ботокс и PDO нишки. Таа, исто така, направила обемни тетоважи над градите и торзото, тројно ја зголемила должината на ноктите и трепките.


Разговарајќи за нејзиниот екстремен изглед на Твитер, таа напиша: „Го избришав тоа што бев порано за да станам пластична кукла. Постојано се борам против стигмата и потребна е многу храброст да се застане на вашите верувања, соништа и начин на живот кога тоа се смета за „контроверзно“. Сметам дека е интересно што моите верувања се оценуваат како контроверзни кога во реалноста тие се далеку од тоа – тие се традиционални, ако ништо друго“.


Алиша, која заработува богатство од нејзиниот профитабилен сајт OnlyFans, продолжи: „Отсекогаш ме привлекувале крајности и сакав да изгледам како Барби. Некои луѓе мислат дека сум луда, но не жалам поради операцијата. Всушност, би сакала моите гради да бидат уште поголеми во иднина. Сакам да изгледам што е можно попластично и да ги инспирирам другите девојки да го сторат истото. Мислам дека никогаш нема да престанам со операцијата. Тоа е огромен дел од мене. Куклите не стареат, ние само добиваме се повеќе и повеќе пластика“.


Алиша вели дека сакала да изгледа како кукла уште од својата деветта година, откако била инспирирана од ликовите во данската ТВ емисија „Девојките на кралот“. Но, бидејќи потекнува од традиционално семејство, го задржала својот конвенционален изглед додека не отишла на универзитет во Копенхаген на 18 години. Оттогаш почнала да го модифицира своето тело со тетоважи, но копнеела да преземе поекстремни акции.
Кога имала 25 години, заштедила околу 4000 евра за да може да ги зголеми градите. Севкупно, Алиша верува дека потрошила речиси 116.704 евра на пластични и естетски процедури.
Во остар контраст од сопственото воспитување, 31-годишната девојка вели дека би ги поддржувала своите деца доколку сакаат да направат операција. „Ако мојата ќерка навистина сака големи гради и се останато, тогаш би ја однела кај хирург“.
Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!

Коментирај анонимно