Изградиле куќи на кратер од астероид: Германски град лежи на тони дијаманти

Градот Нордлинген во германската покраина Баварија е формиран на дијаманти кои датираат пред 15 милиони години кога астероид удри во Земјата. Геолозите проценуваат дека ширината на астероидот била еден километар, исто како и денешниот Нордлинген, а тежел околу 3 милијарди тони. Ударот ја зголеми температурата и притисокот доволно за да формира мешавина од стакло, кристали и дијаманти или суевит. Се проценува дека во областа Нордлинген има околу 72.000 тони дијаманти.

Кога првите жители пристигнале милиони години подоцна, не ни знаеле дека градат куќи на скапоцена почва. Со години се веруваше дека потеклото на кратерот е вулканско, додека во 1960-тите не беше потврдено дека станува збор за астероид.

Суевит се користел како градежен материјал, несвесен дека се состои од ситни дијаманти; црквата св. Џорџ, како и средновековните ѕидини се многу повредни отколку што може да се помисли на прв поглед.

Денешните жители на Нордлинген знаат дека живеат со тони дијаманти, но немаат намера да го урнат градот за да се збогатат. За ситни камења не можеа да добијат поволна цена, дури ни на големо количество, бидејќи се помали од 0,2 милиметри.

Германскиот град профитира на друг начин; туристи доаѓаат од целиот свет за да ја обиколат блескавата архитектура и да го посетат музејот на кратерот Рис, во кој се сместени „домородните“ примероци на кратери, како и оние од другите делови на светот.