Изгубен планинар чие срце престанало да чука 45 минути се „вратил од мртвите“

Мајкл Кнапински тргнал да планинари со својот пријател во националниот парк Маунт Рениер, Вашингтон, каде подоцна се разделиле и се договориле да се сретнат повторно на крајот од патеката. Додека се доближувал до крајот одеднаш времето се влошило и поради студеното време и условите повеќе не можел да се искачува. Мајкл вели дека последната работа на која се сеќава е дека полека почнал да се спушта надолу по планината.

45-годишниот, од Вудинвил, имал модринки и гребнатинки по телото, но вели дека претпоставува дека паднал. Неговиот пријател го пријавил како исчезнат и три екипи на Националниот парк започнале потрага продолжувајќи ги своите напори до раните утрински часови во недела кога временските услови ја минимизирале видливоста и температурите биле екстремно ниски.

Хеликоптерот го забележал во близина на реката Нисквали. Приземните екипи дошле до него околу еден час подоцна и го нашле во бесознание. На почетокот Мајкл имал пулс, но кога пристигнале во болницата неговото срце престанало да чука.

Д-р Џенел Бадулак, една од првите луѓе кои започнале да го лекуваат Кнапински, вели дека 45-годишникот починал додека бил во собата за итни случаи, што им дало на медицинските лица „единствена можност да се обидат и да му го спасат животот, „бајпасирајќи“ го неговото срце и белите дробови.“

Бадулак го опиша методот како „најнапредна форма на вештачка поддршка за живот што ја имаме во светот“. Кнапински беше приклучен на машина за оксигенација на екстракорпорална мембрана (ECMO). Машината функционира така што пумпа крв надвор од телото до машина за срце-бели дробови што го отстранува јаглерод диоксидот и ја испраќа крвта исполнета со кислород назад до ткивата во телото.

Планинарот останал мртов 45 минути, но напорите на лекарите вродиле со плод бидејќи успеале да го рестартираат неговото срце. Потоа ја поминале целата ноќ покрај него, осигурувајќи се дека тој продолжува да се стабилизира.

По два дена Мајк ги отворил очите и сега се опоравува од болницата, но вели дека кога ќе се опорави животот ќе го посвети за да им помага на луѓето.