„Излегувам само со богати мажи – им кажувам дека сакам пари, тоа не ги одвраќа, ама досадни се кога само зборуваат за пари“

Тили, која ги споделува своите романтични авантури на социјалните мрежи, се нарекува „принцеза“ и отворено признава дека е заинтересирана само за „богати момци“.

Откако повторно го активирала својот профил на Hinge, успеала да обезбеди состанок со момче, посебно насочувајќи се на мажи кои работат во градежништво. Нејзиниот профил гласи: „Јас сум принцеза, сакам да одам на шопинг,“ и рече дека овој пристап функционира за неа и не ги одвраќа потенцијалните партнери.

Таа призна дека градежните работници од Есекс ѝ се „нејзин тип на луѓе, вистински мажи“, и истакна дека дечкото кој го нашла „поседува градежна компанија“.

Но, иако таа сака маж што има пари немојте да се лажете дека сака да слуша за нив… Бидејќи всушност таа се разочарала од дечкото со кој била на состанок затоа шо тој постојано зборувал за пари.

„Едно нешто што не можам да поднесам кај маж е кога постојано зборува за пари. И најмногу ме одвраќа кога ќе ми каже колку чини неговиот автомобил или одмор. Парите зборуваат, богатството шепоти. Ако се обидувате да ми зборувате за вакви работи за да ме импресионирате, тоа всушност ќе има спротивен ефект и ќе ме натера да избегам толку далеку. Биди кул, биди суптилен, биди скромен.“

Штета што никој не е скромен како Тали. Таа кажува дека излегува само со богати момци, и сака шопинг и е принцеза ама ќе ве замолиме не зборувајте за пари, бидете малку скромни…

Па, драга изгледа со тебе и нема за што друго да се зборува.

Ама најлошото нешто е исто така што дечкото со цел памет ѝ платил такси вечерта и немојте да мислите дека таа нема мислење и за тоа

„Тој ми плати такси, и тоа е џентлменски гест но исто така мислам дека е премногу „показен“.

За жал темите на младите девојки се променија низ времето на многу лошо, сега се пари, шопинг и ТикТок. Но, едно нешто останува исто. На жена никогаш нема да ѝ се угоди!

Коментирај анонимно

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *