Измама над измамите: Куќа од милион долари изградена на земјиште без знаење на сопственикот
Минатата година, д-р Даниел Кенигсберг останал шокиран кога открил дека на парцелата што ја купил во Феарфилд, Конектикат, уште во 1991 година, се гради луксузна куќа без негово одобрение. Кенигсберг ја купил земјата со намера да ја остави како наследство на своето семејство. По смртта на неговиот брат во 2011 година, тој станал единствен сопственик. И покрај честите понуди за продажба, вклучувајќи и 400.000 долари во 2022 година, тој секогаш ги одбивал.
Меѓутоа, изненадувањето било огромно кога при враќањето на парцелата видел изградба на куќа вредна 1,5 милиони долари.
Според „NBC New York“, инвеститорите од „Sky Top Partners LLC“ тврделе дека ја купиле парцелата за 350.000 долари во октомври 2022 година. Но, Кенигсберг изјавил дека никогаш не ја продал земјата. Тој обвини дека „лажен“ документ бил доставен до адвокат од страна на личност која се претставувала како него во Јужна Африка.
Поради тоа, д-р Кенигсберг поднел тужба против „Sky Top Partners LLC“ за девет прекршоци и барал отштета до 2 милиони долари, како и отстранување на куќата и враќање на земјиштето во првобитна состојба. „Sky Top Partners LLC“, пак, тврделе дека тие самите биле измамени од лице кое се претставувало како сопственикот на земјата.
Во април 2024 година, спорот завршил со договор меѓу двете страни. Иако условите на договорот не се објавени, извори тврдат дека Кенигсберг добил финансиска компензација. Понатаму, во јули 2024 година, „Patch“ објави дека парцелата со куќата била продадена за 1,45 милиони долари, што укажува дека Кенигсберг решил целосно да се откаже од земјиштето.
Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!
Коментирај анонимно